Во Градски парк ќе се гради велодром
Во Градскиот парк во близина на Сточарскиот институт или зад ЈП Паркови и зеленило, до крајот на годинава ќе започне со изградба на рекреативен адреналински велосипедски парк или велодром.
За изградбата на велодромот првично било проценето дека ќе бидат потребни 1,5 милиони денари, но потоа се покажало дека ќе бидат потребни 3 милиони денари, средства кои ќе ги обезбеди Стопанска банка АД Скопје.
Според очекувањата велодромот ќе биде готов пролетта 2020 година.
Одлуката за градба ја поддржаа советниците на Град Скопје на денешната седница.
Град Скопје има обврската да го расчисти просторот, но за беше нагласено дека нема да се сечат дрвја. Покрај тоа, ќе се реконструира паркингот, ќе се осветли и заштити.
Со тоа, како што беше истакнато на денешната седница, на граѓаните ќе им биде овозможено да го користат позапуштениот дел од Градскиот парк. Освен рекреатавен дел, велодромот ќе има и придружна урбана опрема како клупи, маси, тоалет…