Според Манчини Англичаните не требаше да стигнат ниту до финалето

Фото: EPA-EFE/Alessandra Tarantino

Роберто Манчини, ново крунисаниот европски шампион со италијанската репрезентација, во интервјуто за „Спорт1“ откри дека смета дека Англичаните, ривали на Италија во финалето, не требало ни да стигнат до таа фаза.

Коментирајќи го вториот по ред турнир на кој германската репрезентација потфрли, стратегот на Италија истакна:

– Искрено, не знам што може Германија. Тие се и натаму огромна фудбалска нација за мене. Тие секогаш имаат добра репрезентација и одлични играчи, како и врвни тренери. Но, секој тим треба да го најде својот пат, бевме во слична точка пред три години – рече Манчини.

Во големото финале Италија ја совлада Англија на пенали со резултат 3:2, а во осминафиналето Англичаните на „Вембли“ со 2:0 ја елиминираа Германија.

При негатива од 1:0, Германија имаше прекрасна можност во финишот да израмни, но Милер ги разочара навивачите со неверојатното промашување.

– Искрено, Германците не заслужија да испаднат против Англија. Тие одиграа одлично ибеа дури и подобар тим – додаде италијанскиот селектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот