СПОРЕД ЉУБИТЕЛИТЕ НА ВИНО: Добар пласман на Македонија како најдобра винска туристичка дестинација во светот

Љубителите на вино од целиот свет ја рангираа нашата земја на 19-то место, како најдобра винска туристичка дестинација.

Според „lastminute.com“, британски сајт за патувања, рангираше 30 држави-производители на вино, според тоа дали имаат лозја отворени за посети и дали се организираат дегустации, какви меѓународни награди имаат локалните вина, просечните трошоци за патување до соодветната држава (со почетна станица Лондон) и просечните трошоци за хотел и храна во неа, како и за тоа каква е просечната температура на воздухот.

На прво место на ранг-листата е Италија со 33 лозови региони, што примаат туристи, 994 винарии за дегустација и 19 илјади награди за винопроизводителите. Втора е Франција, а на трето место Шпанија.

Според податоците, Македонија има три региони-Пчиња, Повардарие и Пелагонија, во кои има пет винарии за дегустација и 157 награди. Трошоците за патување до неа се во просек се речиси 151 фунта, сместувањето за една вечер 36,5 фунти, просечната цена за оброк е 4,26 фунти и просечната температура во текот на годината е 11,4 степени Целзиусови.

Првите 15 позиции, според сајтот, им припаѓаат на Италија, Франција, Шпанија, Јужна Африка, Португалија, Аргентина, Грузија, Србија, Хрватска, Унгарија, Чиле, Кипар, Бугарија, Грција и Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот