Според извршниот директор на „Њујорк Тајмс” печатените медиумите ќе згаснат за 20 години

 Извршниот директор на „Њујорк Тајмс” Марк Томпсон, вели дека очекува за најмногу 20 години весникот да престане да излегува во печатено издание..

За Тампсон, ќе биде изненадување доколку весникот основан во 1851 година излегува во печатено издание и во 2040 година.

– Верувам дека Тајмс ќе се печати уште 10, евентуално уште 15 години, но ќе бидам многу изненаден ако се печати и по 20 години, изјави тој за Си Ен Ни Си.

Повеќе од 900.000 луѓе се претплатени на хартиената верзија на весникот, рече Томпсон. Со тековните нивоа на претплата, Њујорк Тајмс може да печати седум дена неделно со профит без рекламирање, рече тој.

Сепак Томпсон потенцира дека секоја година се зголемува бројот на оние кои претпочитаат весникот да го читаат на своите смартфони, таблети и компјутери, па така во последниот квартал по првпат е евидентиран поголем профит од дигиталното наспроти печатеното издание.

Поради тоа, Томпсон заклучува дека весник, кој може физички да се држи во раце, е формат во изумирање.

Генералниот директор на Њујорк тајмс заминува од весникот со пакет на акции од 40 милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот