Според бројот на СМС пораки: Паркингот на Водно викендот го искористиле 206 возила

Паркингот на Водно во изминатиот викенд го искористиле 206 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Како што наведува Град Скопје во своето соопштение, со цел на безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога Водно е најпосетено, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг” воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно.

– Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира, информираат од Град Скопје.

Градот Скопје испрати и апел до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Видео на денот