Според Борел, пристапувањето на Украина во НАТО во моментов не е фундаментално прашање

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска оцени дека приемот на Украина во НАТО „во овој момент не е фундаментално прашање”.

Во интервју објавено за шпанската телевизија 24 Орас, Борел денеска зборуваше за нуклеарната закана на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека „таков ризик навистина постои” и потсети дека рускиот лидер рекол дека тоа е „вистинска закана”.

-Овие закани дополнително ја изолираат Русија, но сепак мора да се сфатат сериозно, рече Борел.

Првиот европски дипломат додаде дека со припојувањето на четирите украински територии кон Русија, „Путин го отежнува, па дури и го прави невозможно завршувањето на војната”.

Нагласи дека е важно да се продолжи со досегашната поддршка за Украина и со санкциите кон Русија кои, како што потврди, даваат ефект.

-Ова е првпат ЕУ да ги искористи своите средства за набавка и испорака на оружје за земја во војна. Благодарение на тоа и придонесот на САД, Украина може да се одбрани, рече Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот