Според анкетите Радев и Герџиков одат во втор круг од претседателските избори во Бугарија

Радев и Герџиков/ Фото: Колаж на СП

Според истражувањето на јавното мнение на агенцијата „Маркетинг линкс” на претседателските избори во Бугарија за кандидатот Румен Радев ќе гласаат 46,7 отсто од гласачите, за Анастас Герџиков – 25,6 отсто, за лидерот на ДПС, Мустафа Карадаи, 10,3 отсто, за Лозан Панов – 7,7 отсто, додека околу 4,9 отсто од оние кои сакаат да гласаат се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, истражувањето е финансирано од Маркет Линкс и БТВ, а спроведено во периодот од 2 до 7 ноември меѓу 1.012 полнолетни граѓани со методите на директно интервју и онлајн анкета.

Според социологот на агенцијата Добромир Живков, здравствената криза со коронавирусот во земјата има влијание од шест отсто врз нивните ставови во однос на претседателските избори.

На парламентарните избори, што ќе се одржат заедно со парламентарните избори во Бугарија на 14 ноември, како јасен победник се наѕира коалицијата ГЕРБ-СДС, која, според Живков, „можеби веќе го достигнале максималните проценти”.

Во следното 47. Народно собрание на Бугарија ќе има шест или седум партии, бидејќи ГЕРБ-СДС го задржува значителното водство од 23 отсто од изборот на гласачите и е јасен победник. Новата партија „Промените продолжуваат” има рејтинг од 16,3 отсто од гласачите, трета е БСП со 12,1 отсто од гласачите, а според Добромир Живков таа ќе го достигне нивото од 11 јули.

На четврто место е ДПС со поддршка од 11,2 отсто а петта е „Демократска Бугарија” со поддршка од 10,5 отсто од гласачите. Шеста е партијата на Слави Трифонов “Има таков народ” со 9,7 отсто поддршка кај гласачите.

На прагот да влез во парламентот со 4,1 отсто е „Стани.БГ! Доаѓаме!”, следена од „Препород” со тро отсто и ВМРО со 1,2 отсто, а сите други партии имаат околу 1,2 отсто поддршка кај бугарските гласачи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот