Спонтаниот абортус ги натерал да посвојат деца: Животот на Никол Кидман и бракот со Том Круз!

profimedia

Никол Кидман е родена на 20 јуни 1967 година во Хонолулу, Хаваи, во семејството на Давид и Ен Кидман, а израснала со помладата сестра Антонија. Татко ѝ бил биохемичар, клинички психолог и писател, додека нејзината мајка била медицинска сестра.

Иако и двајцата се по потекло од Австралија, кога ја добиле првата ќерка Никол, брачниот пар Кидман живеел привремено во Америка, поради што таа веднаш по раѓањето добила и двојно државјанство – американско и австралиско. На 4-годишна возраст таа заедно со своите родители се вратила во Австралија каде завршила основно и средно училиште.

profimedia

За своето растење кажала: „Кога имав 6 години, на еден час моравме да раскажеме што не научил таткото. Јас реков: Ме научи секогаш да вежбам и никогаш да не гласам за републиканци. Мојата учителка замалку не падна од столчето во шок“.

И додека со нејзиниот татко била прилично блиска, со мајка ѝ немала таков однос, иако таа ѝ пружала поддршка. Наводно Ен во една прилика ѝ рекла на својата ќерка: Не сум тип на мајка која ќе те прегрнува. Тоа едноставно не сум јас, па не го ни очекувај тоа од мене.

Фото: Инстаграм

Иако не ѝ пружила доволно љубов, била покрај мајка ѝ кога ѝ било најтешко. Всушност, кога Никол Кидман имала 17 години, на нејзината мајка ѝ бил дијагностициран рак на дојката, а сето тоа влијаело на неа и на нејзиното растење.

„На мајка ми ѝ беше дијагностициран рак на дојката кога имав 17 години и тоа многу ме погоди. Кога гледаш некој толку близок како поминува низ хемотерапија… нема полоша работа. Тоа е најлошата работа која ми се има случено во животот, но воедно и работата која и тоа како ме освести. Морав уште како млада да се соочам со смртта и да сфатам дека луѓето не се бесмртни – се раѓаш и умираш“

profimedia

Нејзината мајка за среќа ја победила ужасната болест, а Никол тој период никогаш не го заборавила.

„Започнав да танцувам балет на 3 години и тоа на сопствена желба. Веќе на 9 години започнав со часови глума. Училиштето го напуштив на 17 години бидејќи многу добро знаев што сакам“, рекла таа и додала дека актерскиот пат и бил прилично тежок, а најмногу поради висината.

„Не бев задоволна како изгледам. Бев многу висока и не бев од оние девојки кои им се допаѓаа на момците. Дури и на аудициите за училишните претстави ме одбиваа поради висината“

Profimedia

Своето филмско деби го имала во 1983 година, кога на само 16 година ја добила улогата во омилениот австралиски божиќен филм „Bush Christmas“. Набргу после тоа улогите започнале да се нижат, а таа ја добила и првата понуда во Холивуд во 1990 година и го снимила „Days of Thunder“.

Освен што ѝ се отворила вратата на Холивуд и на полето на љубовта започнале да се случуваат убави работи. На сетот таа се заљубила во својот колега Том Круз, а не многу после снимањето, парот се венчал. Никол тогаш имала 23 години, па иако бракот делувал идилично, тоа не било така. За својот брак проговорила дури години подоцна, кога разводот од Круз станал помалку болен.

Instagram

„Се омажив многу млада, не го доживував бракот како извор на моќ и успех, туку како заштита. Се венчав поради љубов, но тука нешто не беше во ред“

„Има нешто лошо во таквиот живот, кога сте толку фокусирани еден на друг и живеете како во меур и тоа многу гуши, најмногу бидејќи сте осудени еден на друг. Од друга страна, тоа дополнително ве зближува и неверојатно романтично е на моменти“

Бракот им донел многубројни искушенија, помеѓу кои и спонтаниот абортус со кој се соочила младата Никол. „Знак како е да сакате нешто толку силно, да копнеете по тоа. Но, знам како е и кога ќе го изгубите. Губењето на дете, спонтаниот абортус, тоа нешто за кое премалку се зборува. Тоа е неопислива болка која ја чувствуваат многу жени“

Profimedia

После таквото искуство Том Круз и Никол Кидман одлучиле да посвојат дете две години после венчавката. Во нивното семејство прво стигнала Изабела, а потоа и Конџор. „Тоа беше судбина. Посвојувањето беше спонтано. И денес верувам, која и да е причината за тоа, на тие деца им било судено да дојдат во нашето семејство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот