Споменик за српскиот војник Михаиловиќ

Дали на поранешен српски војник треба да му се изгради споменик во Скопје? Станува збор за човек што во две војни своеволно ја облекол униформата на српската војска. Првиот пат во Балканските војни кога како доброволец бил ранет кај Куманово, а во Првата светска војна со остатоците од српската армија ја поминал „албанската голгота“ и бил евакуиран на Крф.

Дали воопшто во Скопје може да се изгради споменик на некој што се презива Михаиловиќ? Иако не се работи за „чича“, сепак презимето му е во најмала рака дискутабилно.

Секако дека може, бидејќи Јосиф Михаиловиќ е човекот што практично го има измислено Скопје. За само седум години, тој од касаба има направено град.

Тресончанецот Михаиловиќ по годините поминати во војување и учење, студирал во Белград, Лондон, Париз и Ајова, целосно му се посветил на Скопје. На негово барање, од владата на Кралството Југославија, на располагање му биле оставени 400 ученици по геодезија, кои со 15 асистенти на професори за само шест недели го завршиле премерувањето на градот. Потоа, се гради градската болница, железничката станица, плоштадот, згради како „Ибни Пајко“, „Црвен крст“, хидроелектраната „Матка“ и системот за водоснабдување кај селото Рашче и уште стотици други градежни проекти.

Прочитајте и...  На анкетите им се „истопи“ рејтингот во јавноста

Во 30-тите години од минатиот век, 20 проценти од скопјани живееле во новоизградени станови, а единствениот град во светот што можел да се пофали со подобра статистика бил Цирих, каде што 22 отсто од зградите биле изградени по војната. Градењето на хидроцентралата било мотивирано, пред сè, од социјални причини, бидејќи производството на електрична енергија во тоа време било организирано од приватни лица. Михаиловиќ со изградбата на хидроцентралата на скопјани им обезбедил евтина енергија, а лиферантите издејствувале тој да биде сменет од тогашниот премиер Стојадиновиќ. Градоначалникот ја платил политичката цена, но по кратко време повторно се вратил на функцијата. Во неговиот мандат е изграден и завод за вработување, а во комплексот имало бесплатни соби и менза за невработените.

Прочитајте и...  Полицијата околу два часот наутро ги растера демонстрантите во Белград, за денес закажан нов протест (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Улиците од кал и макадам биле целосно поплочани со коцка, а за првпат било поставено и улично осветлување на сите делови од градот. Јосиф Михаиловиќ буквално го изградил градот, правејќи за седум години колку и сите наредни градоначалници заедно.

Починал непосредно пред Хитлеровата инвазија на Југославија во Втората светска војна. Погребан е на старите гробишта кај црквата „Света Петка“, а по дислокацијата, протераните членови на неговото семејство не биле во можност да го превземат гробот. Затоа Михаиловиќ денес во Скопје нема ниту гроб, иако на неговиот погреб присуствувале 10 илјади скопјани.

Но, иако е најпопуларниот градоначелник во историјата на Скопје, тој потполно паѓа во заборав во децениите што ќе следуваат. Една улица во Скопје цело време го носи неговото име, но на пример училиштето „Гоце Делчев“, во минатото биле именувано според него, а во некоја од режимските промени, неговото презиме е сметано за неподобно.

Прочитајте и...  СЗО: Признаваме, се појавуваат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздухот

Јосиф Михаиловиќ не е колонист, ниту пак некаков паразит на државниот апарат. Тој заслужува голем споменик во Скопје и барем една табла пред амбасадата на Република Албанија, која е сместена во куќата што самиот ја изградил за своето семејство.

Но, пред да му се изгради споменик, можеби за дозвола ќе треба да се праша Артан Груби? Кога претходната влада постави едно спомениче на Цар Душан, Груби, придружуван од Ермира Мехмети и неколку функционери на партијата ДУИ, со шипка се обиде да го урне споменикот. Исто како и Михаиловиќ и Душан Немањиќ е голем градител на Скопје, правејќи од градот најбитна кота на географската карта на патот помеѓу Константинопол и Виена во средниот век.

Прочитај повеќе

Болницата во Бергамо за првпат по 137 дена нема пациенти на интензивна нега

Слободен печат

Казнетата сестра од Неврологија: Никого на сила не сум натерала да се тестира за антитела!

Мирослава Бурнс

Трите летни сцени во Градскиот парк ќе ве импресионираат (ФОТО)

Слободен печат

Во Европа има сѐ помалку работа за странци: Ни се заканува раст на невработеноста и пониски плати

ПО „ЈАВНА СОБА“, СЕГА И „ГЕВГЕЛИЈАХАБ“: Порнографски клипови од жени од Гевгелија се шират по приватни пораки на Фејсбук

Мирослава Бурнс

Измените во системот за евиденција на здравствените услуги ги скара ФЗО и матичните лекари

1 comment

penyioner 18/11/2019 - 18:53 at 18:53

Одлична колумна но кој ја чита? Никој. Немаат време за добрите луѓе да сторат нешто, бидејки тие ништо не направиле а си градат идоли, нив ги интересира власта и парите а граганинот нека трчаат по …….. …. како она поговорката, ,,кога лисицата трчала по кочовите т…., а тука ќе падна а таму ќе паднат,, и т.н.

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тачи: Ахмети создава тензии со барањето за премиер Албанец, гарантирам, ако станам заменик-премиер, ДУИ ќе бидат мирни како кокошки (ВИДЕО)

Слободен печат

Ремдесивир – од шкарт до лек за Ковид-19

Слободен печат

Да се гласа или не, прашање е отсекогаш!

Сашо Орданоски

ИНТЕРВЈУ Владимир Пивоваров: Криумчарите се во состојба да им ја земат и душата на мигрантите, само за да им ги земат парите

Седеа на клупа, полицајците брутално ги претепаа: Ова видео од Србија ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Слободен печат

Колку за субвенции, толку за увоз на храна