Споменик на Тито ишаран со усташки симболи на 80-годишнината од антифашистичката борба

Фото: JEVGENIJA / PROFIMEDIA

Хрватска денеска одбележува 80 години од антифашистичката борба во Пула, каде се наоѓа споменикот на претседателот на поранешната СФР Југославија, Јосип Броз Тито. Споменикот бил ишкртан со усташки симболи, со натпис ,,Павеличев парк“.

Прешкртан е дел од споменикот кој ги одбележува жртвите на фашизмот, а на самиот споменик е напишан усташката буква ,,У“. Градоначалникот на Истра, Борис Милетиќ изјави дека Пула денеска сведочи срамен чин.

,,Сведочиме срамен чин веќе втор пат во последниве дваесет денови, и тоа, за жал, на ден кога во Истра и целата земја се одбележува Денот на антифашистичката борба“– изјави Милетиќ.

Тој потсети дека во 90-тите години во Хрватска се уништени и оштетени преку 3.000 партизански споменици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот