СПМ: Распоредувањата на полициските работници надвор од местата на живеење се незаконски

фото миа

Синдикатот на полиција во Македонија денеска се пожали дека во изминатиот период свесно од страна на Одделот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси поединечно за вработени во Бирото за јавна безбедност,  до Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос, се доставуваат неточни и незаконски тврдења дека распоредувањата надвор од местата на живеење на работниците се законски и во согласност со Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР.

– Ова е посебно при распоредувањето на работници од една во друга организациска единица надвор од местото на живеење во спротивност со членот 107 од Законот за внатрешни работи. Бидејќи свесно и намерно Одделот за правни работи во МВР ги прекршува одредбите од Законот, а сето тоа резултира со долги понатамошни постапки до комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен конкретно до претседателката Даница Чадиева, неколку пати доставивме правосилни судски пресуди потврдени од апелациони судови каде е утврдено прекршување на постапките, изјави претседателот на Синдикатот Орце Коцевски на денешната прес-конференција одржана пред Јавното обвинителство.

Додаде дека до комисијата доставиле и Уредба за начелата за внатрешна организација на органите на државната управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот