СПМ бара додаток и поголеми плати за полицајците

Во текот на вчерашниот ден премиерот на Република Македонија господинот Зоран Заев јавно излезе и го презентира “Петтиот сет” кој содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Кој ќе добие пари од наведените мерки не коментираме и тоа не е наша обврска, соопштуваат од Синдикатот на полицијата во Македонија.
Уште на почетокот на кризата која трае веќе втора година веруваме дека знаете односно сте запознат која беше улогата на припадниците на Полицијата во борбата со справување на пандемијата. На самиот почеток на оваа појава искрено верувавме дека во тој момент немаше вработен а да не веруваше дека неговиот труд во иднина ќе биде вреднуван, знаејќи го притоа фактот како секојдневно се справува со предизвиците од кризата на терен. Ова вчера што го изјави премиерот Заев за жал како Синдикат мораме да констатираме дека е страмно, жално и бедно и невреднување на трудот на полициските службеници.  Дозволете да Ве потсетиме дека на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски веќе неколку години наназад ја “создаде” и секојдневно ја промовира паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани”. Оттука ќе Ве запрашаме како прв човек во Владата дали и сега откако ја заборавивте Полицијата сметате дека имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА?- велат тие.
Од Синдикатот се спротивставуваат и на вчерашната одлука – презентација , реагираме до Владата и БАРАМЕ да се преиспита одлуката и освен заслужениот додаток кој единствено не го добија вработените во Полицијата, дополнително да следи и покачување на платите во Полицијата во износ од 20% почнувајќи од наредниот месец.
Веруваме дека Владате ќе ја увиди грешката и без разлика на политиките ќе ја донесе оваа одлука која за момент можеби ќе ја врати довербата во професијата „ПОЛИЦАЕЦ”. Да направиме од професијата „Полицаец” една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава, истакнуваат во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот