Сплит: Маж му го одгризал увото на Французин бидејќи ја гледал неговата девојка
Непознат маж во центарот на Сплит нападнал турист од Франција и му одгризал дел од увото, бидејќи му сметало тоа што туристот ја погледнал неговата девојка.
Хрватските медиуми пренесѕваат дека работниците од околниот ноќен клуб на одгризнатиот дел од увото му ставиле мраз на Французинот, до доаѓањето на брзата помош.
На момчето потоа увото му било зашиено и тој бил отпуштен од болница, пренесува Далмација денес.
Од тамошната полициска управа потврдиле дека инцидентот навистина се случил, истакнувајќи дека на Французинот му бил откинат дел од левото уше и дека е полесно повредени.
Од полицијата додале и дека интензивно се трага по напаѓачот и испратиле апел до граѓаните ако имаат какви било информации за настанот или за лицето по кое е издадена потера, веднаш да ги контактираат.