Сплетки: На дружба со Дел Бој

Дејвид Џејсон е подготвен да ја повтори својата култна улога на ликот Дел Бој од хумористичната серија „Сплетки“. Сепак, нови епизоди од серијата нема да се снимаат, туку Џејсон ќе разговара со неколку среќни фанови, кои ќе бидат одбрани за овој перформанс.

Организаторите објавија дека на непозната локација ќе се реконструира станот на семејството Тротер, во кој актерот ќе ги пречека фановите.

„Едвај чекам да се видам и да разговарам со нашите фанови – изјави Џејсон.

Последен пат Џејсон се најде во улогата на Дерек Дел Бој Тротер во новогодишниот специјал прикажан во 2014 година, а иако од повеќе страни беше шпекулирано дека ќе има нова сезона од „Сплетки“, неговиот партнер во серијата, Николас Линхрст тоа веќе јавно го демантираше. Линдхрст, кој го толкуваше ликот на Родни, помладиот брат на Дел Бој, порача дека нема никаква смисла да се продолжи снимањето, бидејќи креаторот на шоуто Џон Саливан почина.

– Едноставно не можеме, Џон повеќе не е со нас. Тој беше водечката сила на серијата и без него ќе биде невозможно да се продолжи – изјави Линхрст, кој во истото интервју забележа дека со Џејсон се гледаат често, среќавајќи се на погребите на нивните поранешни соработници.

Дружењето со Дел Бој ќе се одржи наредната година, кога ќе се одбележат 40 години од првата сезона на „Сплетки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот