Списокот со 344 газди кои не исплатиле над 180.000 евра оди во ОЈО

Дури 243 газди се спасија од кривична одговорност, а 344 може кривично да одговараат за злоупотребата на државните пари за исплата на минималец за работниците. Владата денеска ќе поднесе барање до Основното јавно обвинителство за работодавачите кривично да одговараат. Со истите бројки излезе и Управата за јавни приходи.

Од првичните 708 компании, заклучно со 7 август, за април плата не исплатиле 147 фирми, а за мај 197, или вкупно 344 фирми велат од УЈП. Сега, покрај тоа што ќе треба да ги вратат парите, се соочуваат со парична казна од 3,000 евра за правното лице, 900 евра за законскиот застапник, односно директорот, како и затворска казна од 1 до 10 години.

Првично УЈП објави дека вкупно 708 газди за два месеци,  не исплатиле околу 385.000 евра на над 1.700 вработени. Но до јавното објавување на фирмите паѓаа и бројките. Првичниот список беше со под 600, за финалниот список да брои 344 компании – неплаќачи. Не исплатиле над 180.000 евра на 800 вработени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот