Список на намирници што го поттикнуваат произвотството на колаген: Благодарение на оваа исхрана, на лицето нема да имате ни една брчка!

Количината на колаген во кожата е одговорна за младешкиот изглед, а тој со тек на годините исчезнува. По 40-тата година драстично почнува да опаѓа, а надворешните фактори и нашиот третман кон телото дополнително го забрзуваат тој процес.

Дали знаете што се предизвикува забрзано разложување на колагенот?

• Стрес
• Диета и намалување на килограмите
• Сонце

Сите овие работи се штетни и потребно е да ги избегнувате што е можно повеќе. Добрата вест е дека постои начин колагенот да се врати и да се зајакне неговото производство, тврди дерматологот Марија Фирман.

До позитивни резултати се доаѓа со помош на:

Витамин Ц

Едно од најдобрите сооединувања кои го потикнуваат производството на колаген. Без неговото присуство, синтезата на овај протеин е генерално невозможна. Трудете се да користите креми кои го содржат или консумирајте го во форма на витамини.

Доволно часови спиење

Точно, проблемите со спиењето во текот на годината стануваат една од главните причини за забрзано стареење на кожата и на телото во целина. Доколку не спиете доволно, кожата ја губи способноста да се обновува.

Аминокиселини

Пролин, лизин, глицин се темелите за градење на колаген во телото. Можете да ги најдете во овие намирници:

Супа од коски

Таа всушност не го стимулира производството на колаген, но содржи биоактивна форма на колаген кој вашето тело може веднаш да го користи. Супата, од пилешки или мисиркини коски содржи колаген од типот 2, кој го одржува здравјето на зглобовите, а супата од говедски коски го содржи колагенот од типот 1, кој го одржува здравјето на кожата.

Лосос

Тој е полн со минерали одговорни за произвотство на колаген, како што е цинкот. Исто така содржи многу омега-3 масни киселини, кои помагаат во одржување на влажноста на кожата.

Јајца

Слично како и супата од коски, јајцата исто така содржат колаген во жолчката. Во јајцата има и многу сулфур што е важно за детоксикација на црниот дроб и производство на колаген. Тоа им овозможува на токсините кои го уништуваат колагенот да се отстранат од телото.

Зрнесто овошје

Брусницата, капините, јагодите и малините содржат киселина која помага во заштита на кожата од оштетувања предизвикани од УВ-зрачењето и изобилува со витамин Ц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот