Списание на БЕРЛУСКОНИ објави скандалозни фотографии од КАМИЛА ПАРКЕР-БОУЛС

камила и хари

Во магазинот „Chi“, кој е во сопственост на поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, биле објавени полуразголени слики од војвотката од Корнвол, Камила Паркер-Боулс.

Се верува дека фотографиите се снимени за време на нејзино крстарење на јахта во Сардинија.

Таа уживала неколку дена бред да се врати во Балморал. За тоа време успеале да ја снимат папараци. За среќа, овие фотографии уште не се појавиле на интернет. Кралското семејство овој потек го оценува како скандалозен и нарушувачки за приватноста на војвотката.

За потсетување, токму магазинот „Chi“ во 1997 година ги објави последните фотографии на принцезата Дијана на кои може да се види жива, непосредно пред несреќата во која таа го изгуби животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот