Спировски со трансфер во Хапоел Тел Авив (ФОТО)

facebook.com/stefan.spirovski

Стефан Спировски одигра скоро 13 минути во ремито на нашата А селекција на гостувањето кај Израел (1:1), а денеска како што информираат израелските медиуми, после успешните лекарски прегледи утринава, прифатил договор на две години со екипата на Хапоел Тел Авив.

Според договорот ќе заработи 315.000 илјади евра, во првата година ќе добие 150.000, а во втората 165.000 илјади.

После одигрувањето и на квалификацискиот дуел против Летонија во Рига в понеделник, се очекува нашиот интернационалец да се врати во Израел и им се приклучи на своите нови тимски колеги.

– Јас сум играл во Израел неколку пати, атмосферата тука е добра – вели Спировски.

За својот досегашен клуб Ференцварош од Унгарија од 2017 година имаше 40 натпревари и пет голови. Во кариерата беше дел уште од битолски Пелистер, Борац Чачак, Работнички, Берое Стара Загора и Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот