Спировски не е повеќе играч на Хапоел Тел Авив

фото: твитер

– Стефан е многу високо квалитетен играч, ја разбираме неговата тешкотија и му посакуваме многу среќа во професионалната кариера – вели претставникот на израелскиот клуб, Синаи.

Македонскиот репрезентативец се раздели со израелскиот фудбалски клуб Хапоел Тел Авив (со кој имаше договор до 30 јуни 2022 година) и во наредниот период ќе бара нова средина.

– Бевме многу поврзани со Стефан, лично и професионално, и покрај недоразбирањата на почетокот. Како што поминуваше времето, тој го разбираше своето место и успеа да остави трага во тимот. Тој е многу високо квалитетен играч, го сакаме и ја разбираме неговата тешкотија и таа на неговото семејство особено во овој период на неизвесност и затоа дојдовме до раскин на договорот. Му посакуваме многу среќа после раѓањето на неговиот прв син и секако многу успех во професионалната кариера – вели еден од претставниците на сопственикот на клубот, Моше Синаи.

Оваа сезона во најдобриот израелски шампионат за Хапоел Тел Авив нашиот интернационалец имаше 21 настап и три голови. 29-годишниот играч од средниот ред пред да се пресели во Хапоел Тел Авив, беше дел од Пелистер, Борац Чачак, Работнички, Берое, Вардар и Ференцварош.

За нашата најдобра фудбалска репрезентација има 31 меч и еден гол во пријателскиот натпревар пред три години во Скопје против Белорусија (3:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот