Спировски и официјално во Хапоел Тел Авив (ФОТО)

facebook.com/stefan.spirovski

Во новата сезона Стефан Спировски ќе ги брани боите на Хапоел Тел Авив за чија екипа потпиша договор на три години.

Досега нашиот фудбалер ги бранеше боите на унгарскиот состав на Ференцварош со одиграни 40 натпревари и пет голови.

Пред да се пресели во Унгарија, играчот од средниот ред настапуваше уште за Пелистер, Борац Чачак, Работнички (позајмица), Берое, Вардар.

За најдобрата македонска репрезентација има досега вкупно 27 одиграни мечеви и еден постигнат гол.

– Среќен сум што сум дел од клубот и се надевам дека заеднички ќе ги оствариме целите. Слушнав многу за клубот и за градот Тел Авив. Едвај чекам да бидам дел од новиот стадион и ги сретнам навивачите. Се надевам дека ќе им приредиме многу радосни моменти во новата сезона – рече Спировски после потпишувањето на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот