Спиропали го обвини Мета дека е дел од сценарио за дестабилизација на Албанија

Илир Мета / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Портпаролката на албанската Влада во исто време и министерката за односи со Парламент, Елиса Спиропали, го обвини шефот на државата Илир Мета дека бил дел од сценарио за дестабилизација на Албанија.

За тиранската телевизија „Њуз 24″ таа изјави дека претседателот Мета го „прекршил Уставот со двете нозе”.

На прашањето дали владејачкото мнозинство има ново име за замена на Мета, откако почнаа процедурите за негово разрешување, министерката рече дека за почеток ќе се спроведе соодветна истрага од собраниската анкетна комисија.

– Ние не брзаме со непочитување на рокови, не сме разговарале за ново име, не сме во таа фаза. Во моментов е формирана комисија која ќе ги испита уредбите на претседателот, ќе продолжи истражниот процес и ќе гласа Парламентот. Потоа останува Уставниот суд да одлучи, но за нас е многу јасно дека Мета го прекршил Уставот со двете нозе и е дел од сценарио за дестабилизација на Албанија. Тој не го застапуваше интересот на народот во ниту еден момент, наведе Спиропали.

Меѓу другото нагласи дека Парламентот набрзо треба да ги изгласа изборните реформи, за што како што рече, има место и за вонпарламентарната опозиција и оти се надева дека таа тоа ќе го стори.

– Исто така многу значајна реформата во правосудството. Очекуваме нејзина имплементација. Се е подготвено и ние сакаме се да дојде на свое место, посочи Спиропали.

Осврнувајќи се на длабоката политичка криза, таа истакна дека Социјалистичката партија е подготвена да седне на маса со опозицијата, но без ултиматуми. Според неа, Љуљзим Баша не успеал да ја води опозициската акција и затоа „демократите мора да најдат нов лидер”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот