Спирковски во судиското продолжение го шокираше Вардар

Вардар загуби од Силекс во второлигашката пресметка/ фото: ФК Вардар

Дерби пресметката на поранешните шампиони, Вардар и Силекс, но во Втората лига – Запад им припадна на кратовчани кои славеа со 1:2 и тоа со гол во првата минута од судиското продолжение.

Со триумфот над најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Силекс сигурно чекори кон пласман во Првата лига, кратовчани се први на табелата со 31 бод, дури 11 повеќе од Вардар кој е третопласиран.
Арсим Љамалари во 20 минута му донесе водство на Силекс, но Вардар израмни само седум минути преку Филип Петров. Голот вреден три бода, Силекс го постигна во 91 минута и тоа преку Спирковски.

Резултати:
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар – Силекс 1:2, Кораб – Воска 1:1, Гостивар – Велешта 1:0, Тетекс – Беса 2:1, Охрид – Кадино 3:1.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК:  Беласица – Братство 1:0, Победа – Кожуф 2:1, Детонит јуниор – Кит Го 1:0, Локомотива – Каменица Саса 0:0, Осогово – Слога Виница 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот