СПИЕТЕ ДОВОЛНО, НО УМОРНИ СТЕ: Овие лоши навики се виновни за тоа

Недостатокот на сон ви ја троши енергијата, но кога сте сигурни дека доволно и добро спиете, тогаш проблемот е во нешто друго.

Според експертите, одредени навики кои секојдневно ги практикувате може да бидат виновни што постојано сте уморни.

Ослободете се од нив и ќе се чувствувате поодморено и поенергизирано секој ден:

Прескокнувате тренинзи

Погрешно е верувањето дека ќе заштедите енергија ако го прескокнете вежбањето. Напротив, тоа ќе ви помогне да го воспоставите повторно здравиот проток на енергија и сила, ќе ви ја зголеми издржливоста и го стимулира крвотокот.

Не внесувате течности

Дехидрирањето често може да биде причина за замор. Притоа, срцето вложува поголем напор за да работи правилно, па протокот на кислород во телото е намален.

Не внесувате доволно железо

Во храната обидете се вда вклучите намирници богати со железо, како што е листестиот зеленчук, оревите, гравот и путерот од кикирики.

Прескокнувате појадок

Појадокот ви е многу потребен за да бидете сигурни дека телото ќе ја добие потребната енергија за старт на денот. Ако го прескокнете, тогаш се појавува чувство на исцрпеност.

Пречесто јадете брза храна

Брзата храна не треба да ви биде основен оброк, туку да ја консумирате повремено, многу ретко, а најдобо никогаш. Оваа храна има висок гликемиски индекс, кој иако ќе ви даде нагло енергија, за кратко ќе се чувствувате уште поуморно.

Работите прекувремено

Работата и она што се случува на работното место можеби не ве заморуваат физички, но психолошкиот замор исто така може да биде причина зошто постојано се чувствувате исцрпено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот