Спиењето со партнерот го подобрува здравјето  

Иако со партнерот честопати во кревет се бориме за постелнината, јорганот, перницата, ни смета ‘рчењето и топлината, повеќето луѓе признаваат дека уживаат да спијат со партнерот, а сега и научно е докажано дека тоа има повеќекратна корист за здравјето.

Стучњаците од Универзитетот во Питсбург тврдат дека заедничкиот сон го зајакнува чувството на сигурност и заштита, што мажите и жените ги зближува и ги ослободува од стрес. Со делењето на постелата се намалуваат шансите за појава на болести на срцето, депресија и некои автоимуни болести, се намалува лачењето на кортизол, хормонот на стрес, и се зајакнува лачењето на „хормонот на љубовта”, окситоцинот.

А ако сè уште се борите за покривката, решението е едноставно-секој нека земе своја!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот