Спектакуларно подводно археолошко откритие: Истражен „пловечкиот дом“ на балтичкиот крал од 15 век

Фото: Профимедиа

Последен пат брод по име „Грибшунден“ пловел по морињата во 1495 година, бил долг 35 метри и дизајниран како воен брод. За неговата изградба беше усвоена посебна техника на бродоградба од Медитеранот, која вклучуваше спојување на штиците на работ на трупот со рабовите на дрвената рамка.

Археологот од Универзитетот Лунд во Шведска, Брендан Фоли, изјави дека овој брод претставува пробив во технологијата на бродоградба и дека е дизајниран исклучиво за борба. Тој додава дека истражувањата покажале дека бил вооружен со околу 90 помали топови, како и со голема екипа оклопни војници кои пукале со пиштоли и самострели од горната палуба на бродот и од крмата.

Забележано е дека кралот Ханс од Данска често патувал низ Грибшунден од 1480-тите и бил опкружен со голема флота во тие прилики. Во тој период, тој владеел со Данска и Норвешка додека се обидувал да ја придобие Шведска за повторно да се приклучи на Нордиската унија. Меѓутоа, додека се воделе преговори во Калмар во 1495 година, бродот мистериозно потонал – наводно откако избувнал пожар. Кралот и неговата придружба во тоа време биле на брегот, но според некои проценки, околу 150 луѓе кои биле на бродот во тој момент загинале.

Бидејќи подводните истражувања открија само 14 држачи за пиштоли во близина на крмата, Фоли и неговите колеги претпоставуваат дека повеќето од оружјето биле спасени набргу откако потонало. Интересен податок е дека не откриле никакви траги од пожар, што укажува на тоа дека тој брзо потонал. Кога станува збор за „полесното“ вооружување, откриено е дека пиштолите на поголемиот брод биле поставени на дрвени елементи од кои биле испукани проектили со големина на топчиња за голф. Додека пиштолите беа многу поедноставни, и со топки кои се испукаа со допирање на кибритот на горниот дел.

Фолди и неговиот тим го истражувале потонатиот брод во текот на август и септември, а во таа прилика направил и тродимензионална снимка за експертите подоцна да можат да ја направат дигитална реконструкција. Една од причините за таквиот потфат е фактот што изгубените бродови на кои пловеле Кристофер Колумбо и Васко де Гама биле многу слични, што во иднина на научниците би им овозможило единствена можност да дознаат повеќе за бродоградбата од тој период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот