Спектакуларно откритие на ЦИА: Руски научници правеле експерименти со екстрасензорни перцепции

Во неодамна декласифициран документ, агенти на ЦИА во 1991 година опишуваат двајца руски научници кои вршеле експерименти за екстрасензорна перцепција, позната како ЕСП, што е можност за добивање информации или влијание врз луѓе, користејќи го само умот, пишува Гардијан.

Во документот се вели дека еден од руските научници ги „усовршил” неговите методи.

Кусиот документ го објави Black Vault, онлајн архива на декласифицирани владини документи кои обично се добиени со барање согласно законите за пристап до јавни информации. Барањето го поднел основачот на сајтот Џон Гринволд.

Не е јасно каква е ползата од откривањето на документот, но тој содржи детали за чудната студија на двајца советски научници кои вршеле експерименти со екстрасензорни перцепции во 80-тите години од минатиот век.

Документот е декласифициран во ноември 2020 година.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот