СПЕКТАКУЛАРНО: На воената парада во Париз се појави „летачки војник“ (ВИДЕО)

Една од најспектакуларните сцени на воената парада по повод Денот на падот на Бастилја, која денес се одржа во Париз во знак на сеќавање на 14 јули 1789 година, кога тврдината-затвор била освоена за време на Француската револуција, беше подготвена од поранешниот шампион во џет-ски Фреки Запата кој леташе на „Флајборд еру“ – летачка купола.

Запата носеше автоматска пушка во раката, што покажува дека ова летало може да се користи во арсеналот на француската армија.

„Паризијен“ наведува дека станува збор за летало кое како гориво користи керозин, има пет мини-турбомотори кои овозможуваат брзина до 190 километри на час, а летот може да трае до десет минути.

Макрон го поздрави Запата со широка насмевка и аплауз.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот