Спектакуларна најава на УФЦ од која ќе се заледите, дел од неа и Македонецот со австралиски пасош (ВИДЕО)

Претстојните борби во организација на УФЦ ќе се одржат на популарниот „Fight Island“ во Абу Даби.

Најмоќната организација за мешани боречки вештини и официјално ја објави најавата на долгоочекуваниот „Fight Island“, односно серијата од четири приредби кои ќе се одржат во Абу Даби. Станува збор за островот Јас кој УФЦ го изнајми за одржување на меѓународни приредби, а првата е предвидена за 11. јули.

ПР тимот на УФЦ секогаш прави одлични најави за своите приредби, но се чини дека последната со која најавува спектакуларни борби, е вистинско ремек дело во стилот на холивудските филмови.

Главната борба ќе биде за титулата во велтер категорија помеѓу шампионот Камару Усман и предизвикувачот Гилберт Брнс.
Меѓу главните борби на УФЦ 251 приредбата ќе биде и таа на Македонецот со австралиски пасош, Александер Волкановски кој титулата во лесна категорија ќе ја брани против поранешниот шампион Макс Холовеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот