Спектакл во Мелбурн: Кирјос си закажа дуел со Надал

EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Познати сите двојки за осминафиналето и во машка и во женска конкуренција.

Миленикот на публиката во Мелбурн, Ник Кирјос, во неверојатен меч го победи Русинот Карен Качанов со 3:2 во сетови и си закажа дуел со Рафаел Надал во осминафиналето на Австралија Опен

Кирјос имаше предност од два сета, но потоа се разбури Русинот и наредните два сета ги доби во тај брејк. Токму тај брејкот на крајот го одлучи победникот, бидејќи и во решавачкиот петти сет се играше тај брејк.

Но, за разлика од претходните два сета, овој пат Кирјос освои сетот, што воедно значеше и конечен тирумф од 6:2,7:6,6:7,6:7,7:6 и пласман во осминафинаето каде го очекува првиот носител, Рафаел Надал.

Пласман во осминафиналето обезбеди и Данил Медведев кој беше поуспешен од домашниот тенисер Алексеј Попирин. Четвртиот носител на Австралија Опен славеше со 6:4,6:3,6:2 за 104 минути игра.

Негов противник во осминафиналето ќе биде поранешниот шампион на Австралија Опен, Станислас Вавринка, кој имаше водство од 6:4,4:1, кога неговиот противник Џон Изнер мораше да го предаде мечот поради повреда.

Александер Зверев за неполни два часа со 6:2,6:2,6:4 го совлада Фернандо Вердаско и во наредната рунда го очекува Анреј Рубљов.

Кај дамите, петтата носителка Елена Свитолина е елиминирана Гарбине Мугуруза во два сета (1:6,2:6).

Двојки за осминафинале:

Мажи
Рафаел Надал – Ник Кирјос
Гаел Монфилс – Доминик Тим
Данил Медведев – Станислас Вавринка
Андреј Рубљов – Александер Зверев
Тенис Сандгрен – Фабио Фоњини
Мартон Фучович – Рожер Федерер
Милош Раонич – Марин Чилиќ
Диего Шварцман – Новак Ѓоковиќ

Жени
Ешли Барти – Алисон Риске
Марија Сакари – Петра Квитова
Кори Коко Гоф – Софија Кенин
Онс Жабер – Кианг Ванг
Анет Контавеит – Ига Свиатек
Елиз Мертенс – Симона Халеп
Гарбине Мугуруза – Кики Бертенс
Анџелик Кербер – Анастасија Пављученкова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот