Спектакл на „Олд трафорд“, триумф на Јунајтед во режија на Роналдо

Кристијано Роналдо е повторно херојот на „црвените ѓаволи“/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер јунајтед во дербито на 14 коло од Премиер лигата, во неверојатно возбудлив натпревар славеа со 3:2 над Арсенал.

Човек на одлука беше Кристијано Роналдо кој постигна два гола и дојде до бројката од 800 голови во кариерата.

Ова воедно беше прва победа за Манчестер јунајтед на домашен терен по речиси два месеци и претставува увертира за новиот менаџер, Ралф Рангник.

Спектаклот на „Олд трафорд“ започна со контроверзен гол на Арсенал во 13 минута. По корнерот на Арсенал, играчот на Јунајтед, Фред несакајќи го нагази својот голман Давид де Хеа кој остана да лежи на гол линијата. Топката во продолжение од акцијата се одби до Емис Смит Роу кој без проблем ја смести топката во мрежата.

По голот, натпреварот беше прекинат и се чекаше прекршок за Де Хеа, но ВАР снимката покажа дека тој беше повреден од свој соиграч и судијата го призна голот.

Во финишот од првиот дел,Јунајтед успеа да дојде до израмнување, Фред му асистираше на Бруно Фернандеш кој рутински ја затресе мрежата на „топчиите“.

Второто полувреме го реши Кристијано Роналдо. Прво во 52 минута го постигна 800 гол во кариерата и му донесе водство на својот тим од 2:1.

Радоста на „црвените ѓаволи“ траеше само две минути бидејќи Мартин Едегор успеа да го совлада Де Хеа. Конечниот резултат го постави Роналдо во 70 минута од пенал.
По победата, Манчестер јунајтед е седми на табелата со 21 бод, додека Арсенал е петти со два бода повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот