Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Спектакл на Австралија Опен: Познат терминот за четвртфиналето помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз

Во четвртфиналето на Австралија Опен ќе гледаме вистински спектакл помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, а познат е и терминот за мечот кој сигурно привлекува најголемо внимание во оваа фаза.

Организаторите на турнирот во Австралија го објавија распоредот, па така е познато дека Ѓоковиќ и Аклкараз на теренот нема да излезат пред 10:30 часот по средноевропско време.

Веднаш по нив ќе играат Томи Пол и Александар Зверев, додека пред мечот помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз ќе играат Арина Сабаленка и Анастасија Пављученкова. Овој меч почнува во девет часот, па може да се случи мечот помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз да биде малку поместен.

Ѓоковиќ и Алкараз до сега играле седум пати и води спскиот ас со 4:3. Последен пат играа во финалето на Олимписките игри во август каде што Ѓоковиќ беше подобар со 2:0 во сетови (7:6, 7:6).

Мечот Ѓоковиќ го дочекува од седмата позиција на АТП листата, додека Алкараз е трет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот