„Спејс џем 2“ му го наполни банкарското салдо, Лебон Џејмс стана милијардер

леброн џејмс
ЛеБрон Џејмс / EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс ова лето е активен и надвор од кошаркарските терени, тој е главен актер во филмот „Спејс Џејм 2“ кој почна да се емитува во кината во САД, а покрај слабите рецензии, има голема гледаност.

„Space Jam: A New Legacy“: Финансиски успех, остри критики од носталгичарите

Џејмс освен што е актер во филмот, тој е и продуцент на истиот, а на својот Твитер профил се пофали дека во првиот викенд од емитувањето на „Спејс џем 2“ заработил 32 милиони долари.

Поранешниот кошаркар на Кливленд и на Мајами стана првиот НБА кошаркар кој за време на време на активната кариера заработил милијарда долари со што го претекна Мајкл Џордан. Џордан моментно тежи повеќе од две милијарди долари, но најголем дел од богатството го заработи по завршувањето на богатата кариера.

Откако во 2003 година влезе во НБА лигата Леброн Џејмс само од договори со екипите заработи 330 милиони долари, додека од спонзорите заработи околу 700 милиони долари. Дел од компаниите кои Џејмс ги рекламира се Најки, АТиТ, Битс, Блејз пица, ПепсиКо и Волмарт.
Најблиску до Леброн Џејмс од активните играчи е Кевин Дурент чие богатство се проценува на 580 милиони долари.

Џејмс влезе во малиот круг на спортисти миијардери каде се наоѓаат и Тајгер Вудс, Флојд Мејведер, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Рожер Федерер и Мајкл Џордан, пишува Јаху спортс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот