Специјалните обвинители немаат намера да ги вратат парите од бонусите: Си ги заработивме!

Ниту еден од 13 поранешни специјални обвинители, барем до денес, нема намера да ги врати парите кои на име бонуси им биле исплаќани во изминатите четири години, дознава „Слободен печат“.

Поголем дел од поранешните обвинители од дванаесетчлениот тим на Катица Јанева велат дека тоа што им било исплаќано било асполутно законски. Тие нагласуваат дека надоместокот пред сè им се исплаќал поради тежината на работните обврски и тврдат дека работеле според прописите и дека нема никаква причина да ги вратат тие пари.

– Паричниот надоместок кој ни беше исплатуван додека работевме во Специјалното јавно обвинителство беше за доверливост и почитување на принципот на тајноста. Тој се исплаќаше сосема законски. Уредно, секој месец сметководствено е прокнижуван и пријавуван во Управата за јавни приходи. Ништо не ни е исплаќано незаконски. Сè е по закон. Не гледаме причина зошто одредени структури прават проблем за нешто што е според закон – вели еден од поранешните обвинители на СЈО.

Денеска обвинителката Фатиме Фетаи рече дека испаднало оти најголем криминал во државата се платите и надоместоците во СЈО.

– Генерално, секој обвинител примил околу 22 илјади евра, што не е многу далеку од примањата за патни трошоци кои ги имаат некои пратеници. По сѐ изгледа, најголемиот криминал во последните години се платите и надоместоците во СЈО, а вие може сами да судите дали има или нема криминал. Или има, а се нема храброст да се гонат одредени лица за одредени кривични дела – рече Фетаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот