Специјалниот завод Демир Капија доби донација „УВ Гард“ за дезинфекција од бактерии и вируси

ЈУ Специјален завод Демир Капија, денеска доби донација „УВ Гард” – уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, информира Министерството за здравство.

Функционалноста на овој апарат е следна:
– Дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу;
– Работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри;
– Ги убива микроорганизмите кои доаѓаат во контакт со светлината, им ги уништува нуклеинските киселини и ја нарушува нивната ДНК, оставајќи ги без можност да ја вршат својата функција;
– Просторијата што се дезинфицира мора да биде празна, но тоа не е проблем бидејќи уредот се контролира од далечина и го заштитува тој што го ракува;
– УВ зраците допираат до места кои се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите и на нерамни површини;
– За просторија од 40 квадратни метри се доволни околу триесетина минути, а веднаш по дезинфекцијата се чувствува силен мирис на озон.

Целта е зајакнување на условите во установите при состојба со ковид-19.

Досега, „УВ Гардови” покрај заводот во Демир Капија добија и Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември”, Клиниката за очни болести, Клиниката за пулмологија и алергологија, Општата болница Гостивар, Општата болница во Прилеп и Општата болница во Кавадарци.

Овој апарат е донација од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот