Специјалниот суд за корупција и организиран криминал побара заплена на имот на поранешни познати албански судии

Специјалниот суд за корупција и организиран криминал донесе одлука за заплена на имотот на поранешниот претседател на Уставниот суд, Башким Дедја, на Фатос Луло, поранешен судија во Уставниот суд и Шкелзен Селими, поранешен судија во Врховниот суд.

Тројцата не го поминаа ветингот, бидејќи не можеа да го потврдат потеклото на имотот со кој располагаат, по што почна истрага.

Од спроведената истрага дојдено е до податоци дека овие субјекти поседуваат недвижен имот, што не го оправдале со правни извори или поседувале имот што го криеле. Од оваа причина, Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал, ги достави до Специјалниот суд за корупција и организиран криминал, релевантните барања за одземање на имот во сопственост на овие три субјекти, стои во објавата на судот.

На судијата Луло му е запленет трговски простор во Тирана со површина од 172 квадратни метри, на поранешниот прв човек на Уставниот суд, Дедја, стан во Каваја, со површина од 60 квадратни метри, додека на судијата Селими земјоделско земјиште од 432 квадратни метри и бензинска пумпа во Валона, како и над три илјади квадратни метри земјиште и бензинска пумпа исто така во Валона запишани на име Кујтим Селими.

Одлуката на судот за заплена на имотот на судиите ја поздрави американската амбасадорка Јури Ким.

„Реформата во правдата нема да биде брза, лесна или совршена-но таа оди напред, чекор по чекор, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот