Специјалниот претставник на Трамп за Косово ќе ја „убедува“ Германија за поделба на Косово? – Слободен печат
ВестиРегион

Специјалниот претставник на Трамп за Косово ќе ја „убедува“ Германија за поделба на Косово?

Гренел, без сомнение, ќе се работи на прашањето за дијалогот како човек од доверба на американскиот претседател Доналд Трамп, но експертската јавност отвори уште едно прашање - дали неговата специјална задача и односот со Германија е поради ублажувањето на нивниот став кон промени на границите.

Со именувањето на специјалниот претставник на американскиот претседател Ричард Грeнел за дијалогот меѓу Белград и Приштина, инаку актуелен амбасадор на САД во Германија, во јавноста во Србија се отворија две теми – дека Америка сака брзо решение за Косово и дека разграничувањето на границата повторно би можело да се врати на преговарачката маса, објави српски „Блиц“.

Иако за разграничувањето не се зборува во официјалните кругови, изгледа дека таа теза, барем во очите на експертите и познавачите на состојбите на Балканот, не е без покритие. Уште повеќе, ако се земе во предвид фактот оти Гренел е именуван за претставник директно од амбасадорското место во Берлин. А, Берлин уште од првото споменување на разграничување како можно решение за прашањето на Косово, остро се противи на оваа идеја.

За разлика од германските официјални лица, Американците во последно време би можеле да бидат многу „помеки“ во своите ставови, велејќи дека за нив е прифатливо секое решение до кое ќе стигнат Белград и Приштина, не исклучувајќи ја и можноста за промена на границите.

Гренел, без сомнение, ќе се работи на прашањето за дијалогот како човек од доверба на американскиот претседател Доналд Трамп, но експертската јавност отвори уште едно прашање – дали неговата специјална задача и односот со Германија е поради ублажувањето на нивниот став кон промени на границите.

Тоа за „Блиц“ го сугерираат и дипломатски извори, кои укажуваат на „картата“ на која САД би можеле да одиграат.

– Гренел е во Берлин од 2017 година, и не му се непознати ставовите на Германија кога станува збор за Западен Балкан, па и за косовскиот проблем, кој во последната година речиси стана синоним за регионот. Познати му се и ставовите на Маркел која е експлицитна во намерата да нема промени на границите на Балканот – вели дипломатскиот извор.

Од друга страна, изворот вели дека се чини оти Американците сакаат решение, и тоа што побрзо можно, со тоа што Европската Унија која иако формално го посредуваше дијалогот, немаше значителен успех со него.

Имајќи го тоа во предвид, треба да се следи и засилениот американски интерес за конечно решение, кое зема замав на крајот на минатата година со писмата на Доналд Трамп за српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ, односно Хашим Тачи.

Во јавноста се зборува дека всушност САД, а пред се Доналд Трамп, сака да поентира со решавањето на проблемот долг повеќе од две децении, главно поради тоа што се ближи претседателската кампања во САД.

Разграничувањето би можело да се земе во предвид како можно решение, кога станува збор за Америка, за што постои согласност и од двајцата политички преговарачи на Белград и Приштина.

Џозеф: Белата куќа би можела да го убеди Берлин

Дека Белата куќа би можела да го убеди официјален Берлин дека такво решение е прифатливо, и дека тоа всушност би можела да биде обврската на Гренел, смета американскиот професор и аналитичар Едвард Џозеф.

– Гренел е амбасадор во Германија и, иако таму имаше недоразбирање, свесен е за стравовите на Германија во врска со политиката која ја иницираше поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, која најверојатно ја фаворизираше размената на територии меѓу Косово и Србија. Можно е Белата куќа и понатаму да е ангажирана на Балканот и верува дека Гренел е личноста која може да ја убеди Германија. Но, ставовите на важните раководни лица во регионот се дека размената на територии може да биде ризична и причина за дестабилизација – рече Џозеф за Радио слободна Европа (РСЕ).

Тој исто така наведе дека оние кои го следата косовсото прашање се „загрижиле и биле збунети кога Гренел бил именуван“.

– Тие кои го следат ова прашање се загрижени и во конфузија која станува збор за именувањето на Гренел. Оние кои сметаат дека неговото именување може да го одрази пристапот на Болтон за поделба на Косово, што секако би предизвикало сериозни проблеми во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и внатре на Косово – наведе тој.

Тој додава дека оваа идеја ја фаворизилара и Федерика Могерини.

– Изгледа за тоа разговараа и Тачи и Вучиќ неколку месеци. Могерини тоа го поддржа, но сите знаеме дека германската канцеларка Ангела Меркел силно се спротиставила на тоа, како и останатите политичари во регионот кои беа под директно влијание на ваква можна одлука – рече Џозеф, кој истакна дека добро е тоа што Белата куќа, за време на многу други кризи, е заинтересирана да го реши ова прашња, но истовремено е чудно што тоа значи за американската политика во регионот.

Ричард Гренел минатата недела престојуваше во Белград и Приштина, а на двете места истакна дека неговата цел е сепофатно решение за поранешната српска покраина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close