Специјалниот претставник на Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина го повика Косово во „малиот шенген“

Фото: МИА

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за разговорите меѓу Косово и Србија, амбасадорот Ричард Гренел, ја поздрави иницијативата за „балканскиот Шенген”, истакнувајќи дека иницијативата би можела да биде успешна доколку во неа се вклучат сите од регионот, вклучително и Косово, се наведува во изјавата на Амбасадата на САД во Берлин.

-Ја поздравуваме иницијативата „Мини Шенген” за Западен Балкан, како начин да се започне слободното движење на луѓе и стоки. Веруваме дека за да успее оваа иницијатива, таа мора да ги вклучи сите во регионот, вклучително и Владата на Косово – рече Гренел.

Администрацијата на Трамп е насочена кон помош на целиот регион во создавање економски можности и работни места за младите, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Берлин.

Косово не учествуваше на неодамнешната средба во Охрид, опишувајќи ја иницијативата како обид за повторно создавање на Југославија.

Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека Косово не сака да ја замени евроатлантската иднина со ниту една регионална иницијатива, објави порталот „Косово онлајн”.

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, кандидат за косовски премиер, во средата изјави дека е направена грешка во чекорите во врска со регионалната иницијатива за слободно движење на луѓе и стоки.

Според него, Албанија мораше да почека со формирање на новата косовска Влада пред која било регионална иницијатива.

Албанскиот премиер Еди Рама го критикуваше Косово за самоизолација, нагласувајќи дека иницијативата има за цел само слободно движење на луѓето низ Западен Балкан, потсетува порталот Косово онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот