Специјална покана за Заев и Рама од Харадинај

На денешната владина седница, косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај соопшти дека при крај се работите на автопатот „Арбен Џафери”, што го поврзува косовскиот главен град со границата со Северна Македонија.

Министерот потврди дека свеченоста за пуштањето во употреба на последната делница од косовскиот дел од автопатот Приштина – Скопје ќе се одржи на 29 мај.

По седницата, премиерот Рамуш Харадинај истакна дека за настанот се информирани надлежните институции во Северна Македонија и Албанија, а премиерите на двете земји, Зоран Заев и Еди Рама, се добредојдени доколку сакаат да присуствуваат на церемонијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот