СПЕЦИЈАЛИТЕТ ОД ВРАЊЕ: Традиционална пита со три задолжителни состојки (РЕЦЕПТ)

пита
Фото Профимедиа

Во Врање традиционално се подготвува питата самса, која ја има во речиси секое домаќинство. Во основа, задолжителни се три состојки: бел лук, кори и кисело млеко.

Се верува дека секој дом има свој рецепт по кој се подготвува питата, но основиот рецепт го знаат и мажи и жени.

Исто така, ја има и на менијата во кафеаните, како и во пекарите, но сите жители од Врање тврдат дека токму домашната е најубава.

Корите може да се замесат, но многу побрзо се прави со купечки кори за пита и тоа на следниов начин:

Се матат три јајца со чаша јогурт и мал филџан масло. Земате три кори. Првата ја мачкате со смесата, потоа врз нејзе ја ставате втората, исто премачкувате со смесата, па истото го правите и со третата и на крај ставате рендано сирење. Направете ролат и ставете го во тепсија за печење.

Повторете ја постапката додека имате кори. Откако се готови ролатите, непечената пита треба да отстои 20 минути, пред да се стави во рерна.

Печете во загреана рерна на 180 степени. Кога површината ќе зарумени, премачкајте ја со смеса од кисело млеко и толчен лук и зачини по желба. Потоа вратете да се пече уште десет минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот