Специјалист по спортска медицина од Кавадарци ја преплива акумулацијата „Турија” кај Струмица

Фото: mia.mk

Бошко Илиев (55), доктор специјалист по спортска медицина од Кавадарци, денеска ја преплива акумулацијата „Турија” кај Струмица во должина од шест километри за време од два часа и 36 минути.

Станува збор за негова 91 трка на кој пливал и дел е од неговите потфати за промоција на езерата и природните убавини во земјава.

Минатата година тој ја преплива акумулацијата Водоча кај Струмица, а пливал и во Кавадарци, на Крушевското езеро, на Свети Наум на Охридско, а следна негова дестинација е Дебарското Езеро.

Настанот го подржаа општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а го помогнаа и членови на ЗСР „Шампион” од Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот