„Специјалецот“ на Путин во Советот на Европа за Приштина претставува „безбедносна закана“

Фото: Википедиа

Веста дека Алексеј Кондратиев, пратеник во Советот на Европа би можел да стане известувач на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Косово, сериозно ја „стресе“ официјална Приштина, до тој степен што одредени претставници на приштинските институции ова го оценија како „безбедносна опасност“, пренесе српски „Телеграф“.

Министерот за надворешни работи во заминување Беџет Пацоли смета дека Приштина со него не би требала да соработува и на Твитер изрази загриженост поради ова можно сценарио.

– Кондратиев е закана за националната безбедност за Косово, и ние нема да го прифатиме неговото можно именување, ниту пак да соработуваме со него. Потребно е двапати да се размисли пред да се направи таков чекор – напиша Пацоли.

Кој всушност е Алексеј Кондратиев?

Кондратиев е редовен член на одборот во Советот на Европа за миграција, бегалци и раселени лица и на пододборот за Блискиот исток и арапскиот свет.

Според претходните објави на германски „Билд“, Одборот за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа го избрал Кондратиев за „известувач за Косово“.

Официјално, задачата на известувачот му е да го информира Советот на Европа за развојот на аледемократијата на косовската територија, а особено во спорот со Белград. Избраниот известувач, алепишува „Билд“, всушност ќе стане амбасадор на Советот на Европа за Косово и ќе добие, меѓу другото, широк пристап за доверливи информации.

Кандидати за ова место беа пратеникот во Бундестагот Петер Мејер (ЦДУ), кој веќе неколку години работи на прашањето и спорот меѓу Косово и Србија, претставникот на Холандија Ане Мулдер, како и Русинот Кондратиев, кој од јуни 2019 година стана член на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„Билд“ пишува дека Кондратиев до 2010 година бил офицер во специјалната воена служба ГРУ, а од 1999 до 2001 година бил во Косово во состав на рускиот воен контингент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот