Специјалниот пратеник на ОН за Либија поднесе оставка

јан кубиш
Jан Kубиш /EPA-EFE/Kay Nietfeld / POOL

Специјалниот пратеник на ОН за Либија Јан Кубиш од Словачка поднесе оставка помалку од една година по преземањето на функцијата, соопштија денеска дипломатски извори на ОН.

„Кубиш поднесе оставка”, изјави дипломат, а неколку други дипломатски извори ја потврдија информацијата.

Не е наведена официјална причина за оставката, која доаѓа еден месец пред клучните претседателски избори во Либија.

Советот за безбедност на ОН неодамна се подели околу тоа дали да ја смени конфигурацијата на раководството на политичката мисија на светската организација во Либија, при што неколку членки повикаа местото на пратеникот да се премести од Женева во Триполи.

Според дипломатите, Кубиш не сакал да направи таков потег.

Кубиш, кој претходно беше пратеник на ОН во Либан, ја презеде функцијата пратеник во Либија во јануари.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот