Специјални мерки за кралицата: Се затвора небото над замокот Виндзор

Тврдината ќе биде заштитена и од летала - Фотографија ЕПА, Факундо Аризабалага

Британските власти побараа да бидат забранети летови над замокот Виндзор, каде што вообичаено престојува кралицата Елизабета Втора откако почна пандемијата на ковид-19.

Ако барањето биде одобрено, за забранета зона ќе биде прогласен воздушниот регион во радиус од 1,5 наутичка милја околу замокот и до височина од 2.500 стапки (762 метри).

Полицијата тврди дека барањето не е поврзано со каква било специфична закана за кралицата ниту за предупредување од разузнавачките служби, туку заради „зајакнување на безбедноста на локацијата и на заедницата околу замокот“.

Затворањето на „небото“ над Виндзор, сепак, се смета за реакција на неодамнешниот упад во замокот додека во него престојувала кралицата. Во внатрешниот периметар било запрено и приведено 19-годишно момче, кое наводно носело самострел со стрели. Информацијата за оружјето не е официјално потврдена, но Метрополитен полицијата објави дека „натрапникот бил префрлен на болничко лекување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот