„Спасување“ на Протоколот за Северна Ирска како последица на Брегзит

Велика Британија ја предупреди Европската унија дека ќе започне таканаречена нуклеарна опција за еднострано суспендирање на делови од протоколот во Северна Ирска доколку Брисел не се согласи наскоро да има непречена трговија со тој дел од британската територија, со порака дека Лондон не може да чека засекогаш.

Фото: ЕПА

Во неодамнешното предупредување до ЕУ, британскиот министер за Брегзит, Лорд Дејвид Фростбајави дека ќе претстави нов сет правни текстови за поддршка на претходните владини предлози за промена на т.н. Протокол за Северна Ирска.

Фрост не кажа кога владата може да го активира она што е познато како член 16, што им овозможува на двете страни – Британија или ЕУ – да преземат еднострани дејствија доколку сметаат дека протоколот има негативно влијание, но медиумите објавија дека тоа може да се случи до крајот на следниот месец.

Протоколот за Северна Ирска беше дел од договорот за Брегзит што го преговараше британскиот премиер Борис Џонсон со Европската унија и кој, додава Ројтерс, создаде „де факто“ царинска граница меѓу Британија и Северна Ирска за заштита на слободниот проток на трговија меѓу Северна Ирска и Ирска, која е членка на ЕУ.

Откако Велика Британија го напушти единствениот пазар на ЕУ оваа година, тешкотиите во испраќањето на некои стоки од копното во својата провинција Северна Ирска ја натераа владата постојано да бара измени на протоколот. Брисел одговори на повиците главно со отфрлање на нови преговори и на веќе потпишаниот договор.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

ЕУ ја повика Велика Британија да најде решенија наместо да прибегнува кон закани, истовремено нагласувајќи дека отпочнувањето на членот 16 ќе биде „крајно бескорисно“ и дека Брисел ќе ги разгледа сите опции за одговор.

Министерот за Брегзит изготви предлози за трајна замена на Протоколот за Северна Ирска, предупредувајќи дека Велика Британија „не може вечно да чека“ за Брисел и ако работите не се променат наскоро, Лондон ќе започне ја започне таканаречена нуклеарна опција што ќе дозволи еднострано да се суспендираат делови од протоколот наведува британскиот весник Телеграф.

Фото: ЕПА

Британската влада подготвила правни текстови за измена на протоколот, кој стапи на сила во јануари оваа година. Правните текстови, кои ќе бидат споделени со Брисел во наредните денови, имаат намера да постават јасен план за намалување на бирократијата на ЕУ во Северна Ирска и решавање на значителни трговски нарушувања на сметка на Обединетото кралство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот