Спасувачка акција во Егејско море: Спасени 14 членови на екипаж

Дополнително лекување било потребно за двајца членови на екипажот од товарниот борд под либериско знаме што утрово пловеше без контрола во морето меѓу грчките острови Лезбос и Скирос.

Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека сите членови на екипажот, вкупно 14 лица, биле успешно спасени и пренесени во болница, а двајца биле задржани на дополнително лекување, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради проблем со моторот, товарниот брод пловел без контрола, а лошите временски услови во комбинација со големината и тежината на товарот предизвикале навалување на бродот за 30 степени, по што капетанот побарал од екипажот да го напушти бродот.

Во спасувачката акција под лоши временски услови и многу силен ветер, учествувале седум бродови и чамци на крајбрежната служба и на воената морнарица на Грција, два хеликоптери „Супер пума” на грчкото воено воздухопловство и еден хеликоптер на воената морнарица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот