Спасувачите во трка со времето: Од урнатините во Драч извлечени 23 лица, во хаосот родени две близначки

Фото: telegraf.al

Најмалку 23 лица се извлечени од под урнатините на една зграда во Драч, а помеѓу нив е и едно дете.

Сите тие се хоспитализирани во најблиската болница.

Во меѓувреме гинекологот Аника Докле изјави дека 20 минути по силниот земјотрес што ја погоди Албанија, родени се близначки.

– Јас и моите пријатели овој пат повторно сме во породилиште. Близначките се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобар симбол на континуитетот на животот. Немам зборви! – напиша Докле на Фејсбук, без да прецизира каде се родени близначките.

Во силниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала кој рано утрово ја погоди Албанија, загинаа најмалку девет лица, а повредени се повеќе од 300 луѓе.

Албанија потоа ја погодија и повеќе последователни потреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот