Спасувачите пронајдоа преживеано лице во рудникот во Сибир

Несреќа во рудник за јаглен во Русија
Фото: EPA-EFE/PRESS SERVICE OF ADMINISTRATION OF THE GOVERMENT OF KUZBASS

Спасувачите пронајдоа еден преживеан во сибирскиот рудник за јаглен. Тие не го открија неговиот идентитет, како и местото каде е пронајден.

Бројот на загинати во вчерашната рударска несреќа денеска се зголеми на 52.

Дел од руските медиуми објавија дека помеѓу загинатите 46 се рудари, а шестмина биле спасувачи.

Во рудникот Листвиајнаја во градот Грамотејно, во сибирскиот регион Кемерово, каде што се наоѓаат бројни рудници за јаглен, вчера утрово бил пријавен пожар. Во моментот на несреќата во рудникот имало 285 лица.

Рудникот е во сопственост на компанијата СДС-Угол, една од најголемите руски производители на јаглен.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот