Спасувачи со багери го “тумбале” автобусот на Дурмо турс

Фото: Архива на „Слободен печат“

Автобусот на “Дурмо Турс” паднал на покривот, а не на страна. Возилото било превртено на страна со два багери од лица кој учествувале во спасувањето на повредените рече денеска во Кривичниот суд Милан Ќосевски, професор на Машинскиот факултет во Скопје, сведок во процесот “Ласкарци”, несреќа која се случи на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица , а 35 беа повредени. Несреќата се случи на автопатот Скопје-Тетово, во атарот на скопското село Ласкарци.

– Од извршените проверки утврдивме дека предната оска на автобусот била исправна. Функционален бил системот за управување, исто така и серво системот. Немаше никакво оштетување, ниту пак истекување на течност – рече сведокот.

Професорот Ќосевски рече дека во време на несреќата менувачот бил во осма брзина, а дел од сигналните уреди на шалт таблата биле прекриени со фластери.

– Каблите за АБС сопирачките и за истрошеност на гуртните беа откачени од поодамна – нагласи сведокот.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс”, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот