Спасовски: Законот за ЈО ќе овозможи воспоставување на правна држава

Тој додава дека во Законот за ЈО може да се види дека нема простор за никакви скриени амнестии, заштита на било кој, туку, како што вели, напротив се отвора чиста позиција на ЈО да води постапки за секој еден криминал што ќе биде направен.

Премиерот Оливер Спасовски вели дека донесувањето на Законот за Јавно обвинителство не е услов за почеток на преговори на земјава во Европската Унија, но оти тоа е позитивен аргумент за да се види напредок во реформските процеси. Со овој закон, како што рече, ќе се овозможи воспоставување на правната држава и ќе се обезбеди еднаквост пред правдата за сите граѓани.

-Ако една од клучните работи е борбата против криминалот и корупцијата, едно од клучните барања на ЕУ во сите извештаи досега е дека треба да ги јакнеме капацитетите тоа е повеќе од потребно овој закон мораше да биде донесен, вели Спасовски во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24.

Тој додава дека во Законот за ЈО може да се види дека нема простор за никакви скриени амнестии, заштита на било кој, туку, како што вели, напротив се отвора чиста позиција на ЈО да води постапки за секој еден криминал што ќе биде направен.

Во врска со измените што беа направени пред неговото донесување премиерот Спасовски вели дека тие биле направени за да се подобри текстот, а не да се направиме состојба во која што некој ќе биде амнестиран или во која ќе се создадат услови некој да не одговара за некое кривично дело.

– И тоа е разликата помеѓу оваа Влада, односно парламентарното мнозинство и парламентарната опозиција. Барањето на парламентарната опозиција беше да се овозможи преку овој закон одредени функционери за коишто се водат постапки практично да се затворат нивните постапки и на тој начин да нема одговорност. Тука е тоа клучната разлика заради тоа премногу време потрошивме, изгубивме на креирањето на овој законски текст, меѓутоа сметавме дека нема можност за отстапување и за приговори кога се работи за  борбата против криминал, рече премиерот Спасовски.

Тој вели дека во сите земји се случува некои претставници на институциите или на власта да се вмешаат во криминал, но оти клучно прашање е дали тој за тоа ќе одговара и колку државата е подготвена да се бори со криминалот и корупцијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот