Спасовски: Законот за бранители може да се донесе ако ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаат „за“

Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски во денешното гостување за вестите на Алсат, прашан зошто токму сега пратениците на СДСМ го поднесоа предлог Законот за обештетување на бранителите рече дека поради тоа што сега може да се обезбеди поширока поддршка помеѓу пратениците, особено што ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ декларативно се изјасниле дека го поддржуваат.

„ВМРО-ДПМНЕ како партија која ја презема власта се изјасни дека дава апсолутна поддршка за носење на законот, тука е и ЗНАМ која е дел од владината коалиција. Ако таа декларативно изразена волја биде реална може да се донесе законот и да ги реши сите овие прашања низ политички дијалог. Ние го дадовме Законот по скратена постапка, Собранието се изјасни и сега е на дневен ред.“, рече Спасовски во интервју за Алсат М Телевизија.

Прашан за настаните околу црквата во Галате, Спасовски рече дека Таравари треба да седне со Мицкоски да поразговара и да се вразумат.

Спасовски покажа фотографии на кои се гледа дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари се дел од настаните.

-Ова е фотографија на инвеститорот, еден од поблиските соработници на господинот Таравари. Овде ќе видите уште едно момче кое е дел од раководството на локалниот клуб на ВМРО-ДПМНЕ, еден од учесниците на тие случувања кај црквата. Овде има уште една слика со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се луѓето кои беа во Галате. Ова го кажувам само за да бидат разбиени тие лаги кои се пуштаат во јавноста дека некој друг нешто пушта. Така да господинот Таравари треба да си седне со коалициониот партнер, да поразговараат на оваа тема и да се вразумат,  рече Спасовски.

Пратеникот на СДСМ осуди секаков акт што носи до подгревање на етнички тензии, особено кога се работи за верски објект, повика на дијалог и институционално решение.

-Сите ние треба да работиме меѓуетничките односи во државата да ги чуваме како најсвето. Оваа држава во која сите треба подеднакво да се чувствуваат, рече Спасовски.

Од една страна демек се напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ и „дефакторизираната ДУИ“ а од друга страна секој втор ден некој висок претставник од ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во седиштето на ДУИ во Мала Речица, тоа не носи резулатат, рече пратеникот на СДСМ.

Во однос на Балансерот Спасовски рече дека тоа не е прашање за СДСМ туку за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

-Тие излегоа и рекоа ние го укинуваме балансерот. Па после им требаше поддршка за Законот за реорганизација, седнаа со „дефакторизираната ДУИ“ па рекоа ќе формираме комисија во Собрание, па ДУИ предложи и таа коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го изгласаа. За да чуеме сега од министерот за администрација дека балансерот не се укинува. Тоа зависи од ветувањата односно лагите кои беа кажани пред изборите, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот